Секоја деловна одлука има правна димензија. Dimov & Partners обезбедува целосна правна поддршка за компании: од основање и статусни промени, преку деловни договори и корпоративно управување, до застапување во трговски спорови. Работиме со домашни и странски клиенти, на македонски и англиски јазик.

Што опфаќа услугата?

Зошто Dimov & Partners?

Често поставувани прашања

Колку трае основањето на фирма?

Уписот во Централниот регистар преку едношалтерскиот систем редовно трае неколку работни дена. Вистинското прашање е квалитетот на основачките акти: тие се темелот на односите меѓу содружниците за години нанапред.

Дали работите со странски основачи?

Да, тоа е една од нашите главни специјалности. Преку пакетот Lex Global компанијата може да се регистрира и без ваше физичко присуство, со полномошно.

Зошто адвокатски договор наместо шаблон од интернет?

Шаблонот е бесплатен до првиот спор. Договорот прилагоден на вашата зделка ги уредува токму ризиците што кај вас се реални, и чини занемарливо малку споредено со еден изгубен спор.

Поврзани водичи

Поврзани области: Странски инвестиции · Наплата на побарувања

Ви треба правен партнер за бизнисот?

Закажете разговор: ќе ги разгледаме вашите потреби и ќе предложиме модел на соработка, еднократен или континуиран.

Закажете консултација

Овој текст претставува општа правна информација и не претставува правен совет за конкретен случај. За совет прилагоден на вашата ситуација, обратете се кај адвокат.